Преглед за 130 жени со неповолна социјална положба
|
CONTACT INFORMATION: |
|
|
Преглед за 130 жени со неповолна социјална положба
Алијансата за борба против ракот на дојка (Здружението за борба против рак - Борка и компанијата за жени AVON), во рамки на кампањата која се одвиваше во текот на месец октомври и ноември, во акцијата за собирање донации за бесплатни прегледи на дојка, со помош на граѓаните и поддржувачите обезбеди 130.000,00 денари.
Skopje, 14.12.2007
Акцијата за собирање донации за бесплатни прегледи на дојка покажа дека расте свеста кај жените, ако се земе во предвид бројката на заинтересирани за активностите кои се случуваа во текот на кампањата за борба против ова сериозно заболување. Целта на донациите беше да се обезбедат средства за бесплатни прегледи на дојка за жени со неповолна социјална положба.
- Сметаме дека ваквите активности не треба да запрат тука, туку уште повеќе да се интензивираат во 2008 година – истакна Биба Додева, претседател на Борка. - Во седумдесеттите години биле регистрирани само 250 случаи со рак на дојка на годишно ниво, на просторите на Република Македонија, Србија и Косово, а денес оваа бројка е енормно зголемена и само на територијата на Македонија се регистрираат 800 нови случаи годишно – вели Проф. Др. Тихомир Крцковски и притоа апелираше до сите жени над 40 годишна возраст да одат на редовни прегледи и доколку не забележуваат никакви симптоми од ова заболување.

Официјален веб сајт на НВО Борка
MULTIMEDIA ELEMENTS:
Technorati Tags:
Борка | Борка - за секој нов ден | рак на дојка | борба против рак на дојка | AVON | Биба Додева | Тихомир Крцковски | Алијансата за борба против ракот на дојка

Post a comment